Можете ли да поминете со автомобил кај улицата пред Трговскиот центар Ист Гејт, а да не удрите во некој од многуте дупки кои се отворени? На должина од само 50 метра наидовме на 5 дупки.
За граѓаните ваквата состојба на улиците е вообичаена, велат дека дупки има насекаде. Разговаравме со еден возач на такси кој ни рече дека улицата овде е оштетена најмногу во последните 3 месеци и апелираше институциите да ја санираат бидејќи на секои две недели ги носат автомобилите на сервис.
ТВ21: Го имате оштетено автомобилот?
Граѓанин: На секои две недели на сервис одиме, скршена кола, лагери. Молам владата да преземе мерки да ги затвори овие дупки, да се санираат малку улиците, не е само да ја фатат фотелјата и да седиш и чекаш пари.
ТВ21 упати прашање до Град Скопје за тоа кога ќе се преземат чекори за реконструкција на овој дел од булеварот Беласица, но од таму без одговор.
