По вчерашната дебата меѓу пратеникот на ДУИ, Арбр Адеми и пратеникот на Алијанса за Албанците, Халил Снопче за тоа до каде се работите за студентскиот дом на Тетовскиот Универзитет, ТВ21 во текот на денешниот домго посети овој студентски дом.
АРБР АДЕМИ: Беше проект на ДУИ и ќе се заврши студентскиот дом на ТУ
Снопче: Повторно, во иднина
Арбр Адеми: Не, не во иднина туку, вие не сте информирани, не сте информиран и грешите сега. Да ви кажам каде грешите, земете ја камерата на телевизијата и утре, не чекајте до задутре, и видете дека физичкиот дел 2.7 милиони евра и во мое време е поставен камен-темелникот, карабината и сега се работи внатре, но г. Снопче не е информиран.
Врз основа на документацијата овој проект го финансира МОН, а изведувач е компанијата Модинг од Тетово.
Овој студентски дом како иницијатива постои од 2016 година кога министер за образование беше сега покојниот Абдилаќем Адеми, а на 22 септември 2016 се отвори тендер за изградба на објект и тоа како првичен објект беше предвидена изградба на студентски дом од 7 ката. Потоа МОН го смени проектот за објект на 5 ката отстранувајќи 2 ката односно 1400 метра квадратни. Тендерот за изградба на објектот го доби компанијата Модинг од Тетово чиј сопственик е Салим Хасани, а вредноста на тендерот е 166 милиони и 581 илјада денари со ДДВ. Одлуката за почеток на работите стана правосилна на 30 март 2018, тоа го потврдува и овој документ, а врз база на договорот постигнат во тоа време меѓу МОН каде министер беше Пиштар Љутфиу и сопственикот Салим Хасани, објектот требало да заврши до април оваа година. Ова го покажува член 3 од потпишаниот договор меѓу страните. Врз основа на договорот и планот, во студентскиот дом треба да има кревети за 308 студенти.
Врз основа на снимките од денеска, објектот не е во завршна фаза, фасадата е направена само делумно на предниот дел.
