МОН во текот на викендот е обезбедена национална платформа за настава на дистанца која веќе функционира. Но два дена пред почетокот на учебната година, платформата се блокираше. ЕРРОР: Врската е блокирана. Вака пишуваше на прозорецот откако на платформата се вклучија 200 илјади корисници. Платформата бара силен интернет и компјутери со високи перформанси, најавија и тренерите и креирачите на платформата. Професорот од Факултетот за природно – математички науки, Боро Јакимовски изјави дека е подготвен да понесе одговорност доколку почетокот на учебната година е придружен со технички проблеми.
Зошто толку дигитални пречки, министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, со одговор. Помогнавме како експерти, но немаме надлежност во создавањето платформа.
„Ние даваме техничка поддршка, а процесот за обезбедување средства, се врши преку МОН и од страна на училишно – образовните институции. И во тој правец, верувајте ми, во рамки на процесот на дигитализација кого го овозможуваат ИПА фондовите, стапивме во контакт со МОН за привршување на постапките за запишување на децата во училиштата и градинките.“, рече Шаќири.
Овде се наведува и недостигот од компјутери. Над 40 деца се од социјална категорија, но компјутери немаат ниту наставниците. Иако толку неопходни, Владата нема предвидено ваучери за оваа категорија. Министерот Шаќири изјави дека олеснувања се направено во однос на викендот без ДДВ.
„Освен домашни производи, да се опфатат и производи од технологијата кои се неопходни за учебната година“, вели Шаќири.
Инаку МОН смирува, Платформата се тестира и во оваа фаза се детектираат сите недостатоци за нејзино целосно функционирање.
„Министерството за образование и наука, информира дека течат тестирањата на единствената Национална платформа преку којашто ќе се одвива наставата од далечина од први октомври годинава. Тестирањето е дел од постапката за постигнување на целосна функционалност на платформата, и во тест фазата се детектираат и надминуваат сите предизвици“, велат од МОН.
Инаку на последната владина седница, бројот на училишта кои добија дозвола за настава со физичко присуство од 1 октомври е проширен. Настава со физичко присуство ќе реализираат 223 основни училишта, едно училиште за деца со посебни потреби и едно државно музичко училиште.
