Проблемот во Клиничкиот центар се решава со 200 илјади евра, министерот Демири со „врзани“ раце поради тоа што не може да отвори тендер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хируршките операциони сали во државната болница повеќе од 10 дена работат само за итни случаи, како резултат на проблемот со компресорската станица. Министерот за здравство Илир Демири во интервју за ТВ21 вели дека овој систем е застарен и треба да се замени, но рацете му се врзани бидејќи оваа влада е техничка и не може да се распишуваат тендери.

-Главниот проблем ќе се реши и се надевам многу наскоро ќе се отвори тендерска постапка и поради тоа што сме во изборен период, но кога се работи за животот на луѓето и државни интереси, значи во интерес на државата е функционирањето на хируршките сали на клиничкиот центар Мајка Тереза, треба да се заменат сите компресорски станици и треба да се заменат сите приклучоци каде се уклучува апаратурата за кислород, вели Илир Демири, министер за здравство.

Во врска со ова тој преку допис побара од Владата „итно и неодложно да се пристапи кон променување на компресорската станица и инсталацијата на истата како и сите попратни елементи“ со цел хирургија во Клинички центар да може да функционира без пречки. Инцестицијата според него би била од 70 до 200 илјади евра.

Станува збор за инвестиција кој доколку ја преведеме во пари е од 70 до 200 илјади евра се во прашање. Доколку започнат активностите, верувам дека за десет дена ќе се заврши како постапка, вели Илир Демири, министер за здравство.

Сега во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се вршат само итни операции, а другите пациенти се препраќаат во „8Септември“ и градска болница „Св. Наум Охридски“. Поради овие причини работата во овие болници е преоптоварена, кои третираат случаи кои се од цела држава.