Продолжениот викенд ја „преплави“ Попова Шапка – бројни домашни и туристи од регионот, скијачите на обука

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Продолжениот викенд ѝ донесе на Попова Шапка голем број посетители.

По новогодишните празници, многу граѓани ја избраа токму убавината на Шар Планина за да ги поминат последните денови од одморот, пред да му се вратат на секојдневието.

Најголемиот дел скијачи беа од земјава, но не изостанаа ниту туристите од регионот, главно од Косово.

„Дојдовме денеска и ќе останеме до недела. Пречекот, времето, односот, сѐ е совршено“.

Освен туристи, во овој туристички центар можете да најдете и многу курсеви по скијање, меѓу кои и „Шар Академија“ каде се врши обука на скијачи за локални и меѓународни натпревари.

„Броиме вкупно 15 натпреварувачи и планираме да учествуваме на републички натпревари каде се предвидени вкупно 8. Исто така имаме и натпреварувачи кои ќе нѐ претстават на меѓународни натпревари. Минатиот месец со нашата претставничка Дина Абди на Јахорина во Босна, и како клуб, бевме единствениот регистриран републички албански клуб“.

Покрај бројните сместувачки капацитети, посетителите ги имаат на располагање и хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ кои нудат голем број пакети за сместување и користење на ски-билети, училишта за млади скијачи, изнајмување на опрема и слично, како и попусти за повеќедневни хотелски аранжмани.