Продолжува хаосот на клинички – граѓаните чекаат со часови, Таравари вели проектот е во тек

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Продолжува хаосот на паркингот кај Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Освен малиот простор, паркингот не се менаџира соодветно.

На Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како што можете да видите, на паркингот е предизвикан вистински хаос бидејќи автомобилите не можат навреме да влезат и да излезат. Некои граѓани зад камерите ни рекоа дека плаќаат двапати поради неможноста да излезат“, вели репортерката на ТВ21.

Треба да има бројчиња од овде до таму, бидејќи кога има премногу гужва, само се прават кругови и доаѓаш до таму бидејќи е преполно“.

Колку ви требаше да најдете паркинг место?

5 минути, зависи како ќе ти се посреќи“.

Го прашавме министерот за здравство Арбен Таравари за овој стар проблем.

Мислам дека тендер објавен денеска, но најверојатно подоцна треба да ја добиете информацијата, верувам дека е во тек и треба да се објави, после тоа веќе не е до нас зависи… Најава за катни паркинзи затоа што имаме одлука дека владата пред 2 месеци верувам дека ќе се огласи деновиве, ако не се лажам ќе биде објавен денеска“, вели Арбен Таравари.

Инаку, има некои министри кои се веќе сменети. Сите што дојдоа ветија решенија, но засега хаосот продолжува.