На денешното рочиште за случајот „Монструм“, во судница треба да се појави поранешниот премиер Зоран Заев да даде исказ.
Ова го побара обвинителот Гаврил Бубевски, а Заев треба да каже се што знае во врска со петкратното убиство кај Смилковското езеро.
Заев е повикан да го објасни начинот на кој ги добиле прислушкуваните разговори за овој случај.
За овој случај треба да сведочат и Звонко Костовски, Зоран Трајковски, Зоран Велковски и Љупчо Тодоровски Радникот.
