И денеска продолжува потрагата по изгубеното девојче Данка Илиќ, кое исчезна во вторникот на 26 март од околината на Бор, Србија.
Спасувачките екипи веќе неколку пати ја пребараа областа, а вчера беше извршено и ископување со багер. Беа пребарани и канализациите и одводните канали, но од Данка нема ни трага ни глас.
Таткото на Данка го помина полиграфскиот тест. Вчера мајката беше повикана на повторно испитување.
Полицаец од СВР Бор е приведен поради откривање на информации од истрагата за малото девојче.
Данка Илиќ исчезна во вторникот во 13:45 часот во населбата Бањско Поле во Бор.
