Продолжува потрагата по пилотот чиј авион се урна вчера на „Велика Планина“ во Словенија.
Делови од авионот се пронајдени на Велика Планина, кој се урнал во колиба сопственост на Машинскиот факултет во Љубљана.
На местото на настанот се и новинарски екипи на 24ur, кој известува за делови од авионот долги неколку сантиметри, дрвени цепнатинки и остатоци од колиба расфрлани во радиус од 50 метри. Полициски хеликоптер ја надлетува областа каде што се наоѓаат остатоците од авионот.
Aвионот полетал од аеродромот во Загреб во понеделникот, а потоа исчезнал од радарот над Велика Планина во Словенија.
