Продолжува потрагата по пронаоѓање на тројцата исчезнати – патот немал заштитни огради

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државни институции и волонтери од Косово и Македонија заедно трагаат по 3-та исчезнати од вчерашната сообраќајна несреќа на патот Скопје – Блаце.

Екипите меѓусебно се координирале, а останатите во соодветна облека и со спасувачкиот чамец влегоа во водите на реката Лепенец.

Потрагата се прави и со дронови, но се уште не се пронајдени знаци кои водат до пронаоѓање на граѓаните од Косово.

На коловозот се уште има траги од бела креда кои беа поставени од истражните органи за да се види како настанала несреќата.

„Се наоѓаме на патот Скопје – Блаце, токму на местото каде вчера како последица на сообраќајка меѓу два автомобила, автомобил со косовски регистарски ознаки падна во реката Лепенец. Како што може да се види и од снимките, токму на оваа место нема заштитни огради“, вели репортерката на ТВ21.

Една минута пред да настане сообраќајката, Наман Ахмети, таксист од Косово поминувал по тој пат. Вели дека екипата на брзата помош многу брзо стигнала на местото на настанот, но настанот толку брзо се одвивал што дури ни екипата на брзата помош не го видела автомобилот во реката.

„Минути беа во прашање, кога се случи сообраќајката ги видовме делови од пластика по асфалтот, делови од браникот, не знаевме дека се на автомобилот кој се наоѓаше таму долу. Видовме Тауран со скопски ознаки, темно сива боја, мислевме дека само тој автомобил бил дел од сообраќајката, но гледавме и баравме и други автомобили. Долу од реката се слушаа врисоци, но не се гледаше автомобил. Тоа е многу лош знак според моето мислење“, вели Наман Ахмети.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути вели дека се врпу претрага во периметар од 3,5 до 5 километри, но потрагата ги отежнува и лошото време.

„Сè уште нема знаци. Не зборуваме за надеж и не можеме да зборуваме за временски рокови. Добро знаете дека имавме слична ситуација пред неколку месеци во општина Тетово, каде падна млад кумановец, а ние по  7-миот ден успеавме да го најдеме телото. Значи нема да се откажеме се до успешното завршување на оваа операција“, вели Беким Максути.

Министерството за внатрешни работи информира дека го привело лицето Б.Б. од Скопје, кој учествувал во сообраќајката, додека додаваат дека преживеаниот има 16 години и е во добра здравствена состојба.

Според информациите од скопското обвинителство, до несреќата дошло откако автомобил од типот „фолксваген туран“ со македонски регистарски таблички престигнувал колона автомобили.

„Во моментот кога автомобилот со косовски регистарски таблички „БМВ“ кој се движел во иста колона стигнал паралелно, двата автомобила се приближиле и се судриле еден со друг, по што автомобилот со косовски регистерски таблички со четворица патници излетал од патот и се преврте во реката Лепенц“, велат од ЈО

Министерот за внатрешни работи на Косово напиша дека во акцијата за пребарување биле ангажирани 30 припадници на косовската полиција, Косовските безбедносни сили и професионални волонтери за спасување.