Потрагата по телото на 2-годишната Данка Илиќ во околината на Бор продолжува од утринските часови, откако вчера беше откриено дека е усмртена од страна на двајца вработени во „Водовод“.
Истрагата покажа дека двегодишната Илиќ после 10 години потрага дека е убиена на денот кога е пријавена за исчезната. Двајцата осомничени за убиството, со автомобил го удриле девојчето, а потоа се договориле телото да го фрлат. Тие го признале злосторството.
Првично, девојчето било фрлено во депонија во близина на Бањско поле, а потоа според сознанијата, најверојатно едниот од осомничените се вратил и го преместил телото на друга локација, рече министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ.

За телото се трагаше на местата од кои се осомничените, како и на депонијата на стариот Бањски пат.
Граѓаните на Бор и во други делови на Србија се собираат и палат свеќи, и оставаат цвеќиња. Мештаните од селото и соседните села оставаат цвеќе на местото на злосторството.

