Тлото во околината на српскиот град Врање никако да се смири, па вчера беа регистрирани 10 земјотреси. Најсилните беа 3,7 и 3,6 степени според Рихтер, а нов 11 по ред е регистриран утрово во 5:36 часот.
Првиот земјотрес беше регистриран во саботата кон неделата во 2:48 часот со 3,7 степени.
Потоа следуваа неколку афтершокови со 1,7 и 2,8 степени, па потоа 2,2 степени. Околу 18 часот вчера продолжи серијата на земјотрести со јачина од 2,8 степени, а потоа и 2,2 степени.
Синоќа во 18:46 часот беше регистриран и земјторес од 3,6 степени, а нешто после 22 часот беше регистриран и послаб потрес, а утрово одново тлото се тресеше.
Дел од земјотресите кои беа регистрирани на ова подрачје, беа почувствувани и во северниот дел од земјава, поточно во околината на Куманово.
