Продолжува судењето за “Организаторите на 27-ми април” – 17 сведоци на денешното рочиште, актуелни и екс функционери на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО)

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За денеска е закажано рочиште за „организаторите на 27-ми април“. Дури 17 сведоци треба да сведочат на рочиштето за оргнизирање на „крвавиот четврток“ во Собранието.

Меѓу оние кои ќе сведочат се и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и екс минисерот за здравство Никола Тодоров, како и други поранешни функционери од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинетите се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Според обвинението, по неуспешните преговори за формирање влада од страна на ВМРО-ДПМНЕ по изборите во декември 2016, тие изготвиле план со намера да ги загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата и да спречат примопредавање на власта.