Продолжуваат изборните дебати на ТВ21 – жестока дебата меѓу кандидатите од шестата изборна единица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Следната дебата за предвремените парламентарни избори на ТВ21 е со кандидатите за пратеници во шестата изборна единица. Халил Снопче од коалицијата АА-ААА, Фадил Зендели од коалицијата СДСМ-БЕСА, Фатмире Исаку од ДПА и Арта Биљали Зендели од ДУИ, дојдоа да ја презентираат програмата, но имаа преписка кој ги купува гласовите на граѓаните. Снопче од АА рече дека албанските гласови се купуваат со една вреќа брашно и 100 евра.

„Нашата тенденција е да го едуцираме и најобичниот партиски војник. Тој да не биде партиски приврзаник само на улица или ќе дојде на партиските собири само за едно место или за некоја привилегија кога ќе дојдеме на власт, туку и тој треба да биде едуциран“, истакна Халил Снопче.

Фатмире Исаку од ДПА рече дека албанските гласачи се условуваат за едно работно место и дека ДУИ е конкретен пример за тоа.

„Партијата која е на власт има најголема сила и има можност да купи. Опозициските партии немаат толкави економски придобивки за да купат гласови и ДУИ е најголем пример за тоа и за сите притисоци направени врз администрацијата и албанското гласачко тело, условувајќи ги со работно место“, посочи Фатмире Исаку.

Фадил Зендели од коалицијата СДСМ-БЕСА рече дека купувањето на гласови не е карактеристика само кај Албанците, но и кај другите партии, но додаде дека најмногу партиите кои се на власт купуваат гласови.

„Имаме историја со купување гласови, не е мој заклучок бидејќи не сум учествувал во купување или продажба на гласови. Постојат и многу докази од меѓународни организации кои го надгледуваат изборниот процес дека партиите обично купувале гласови од владејачките партии, владејачките партии затоа што ги имаат сите инструменти, финансиските средства и потенцијалот на службите“, порача Фадил Зендели.

Биљали од ДУИ рече дека не се тие виновни што народот на големо гласа за нив.

„Што се однесува до тоа дека населението го држиме во илузии или надеж или не знам како го дефиниравте, токму тоа население нè држат на власт од 2002 година. Дојдовме на власт со гласовите на народот, не со желба, надеж или соништа. Тоа се избори и не е наша вина што народот гласа за нас“, додаде Арта Биљали.

Панелистите почнаа да дебатираат и за тоа кој е на власт, а кој не.

БИЉАЛИ: Г. Халил Снопче е во коалиција со Алтернатива кои се дел од власта, г. Фадил Зендели исто така е во коалиција со СДСМ, кои се дел од власта, ДПА и ние исто така, затоа внимавајте.

ЗЕНДЕЛИ: Нема место за такви споредби бидејќи Движење Беса никогаш не беше дел од Владата.

БИЉАЛИ: Но вашиот коалициски партнер е на власт.

ЗЕНДЕЛИ: Ние сме во коалиција за следната власт.

БИЉАЛИ: Доколку гласовите се купуваат со пари, еден од вашите партнери е на власт.

СНОПЧЕ: Партнер за следната власт.

Во текот на емисијата се дебатираше и за првиот премиер Албанец, спроведувањето на Рамковниот договор и за тоа кој го основаше Тетовскиот универзитет и други политички теми.  Дебатата се емитува вечерва, со почеток од 21:15 на ТВ21.