Продолжување на енергетската кризна состојба – опозицијата критикува дека власта не прави ништо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Да крајот на април идната година да се продолжи кризната состојба во снабдувањето електрична енергија на целата територија на цела држава и со топлинска енергија за град Скопје за ова се расправаше на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Владата ќе донесе мерки за ублажување на кризата.

„Единствена цел на ова продолжување на рокот на кризната состојба во енергетскиот сектор е Владата да има механизам да излезе на помош на овие институции но и на домаќинствата за малку да се ублажи негативното влијание  кое може да го има од оваа криза која индиректно може да влијае  и на другиот дел на семејните трошоци, но и зголемување на оперативните трошоци“, вели Крешник Бектеши.

Опозицијата рече дека сето она што се презема сега е задоцнето и дека кризата силно ќе ги погоди граѓаните и стопанството кои и онака плаќаат превисока цена на струјата. Истовремено обвини и дека кризата се користи за склучување договори во четири очи во набавките на енергенсите.

„Факт останува дека за последниве 12 месеци струјата се зголеми за над 30 проценти. Сега за Нова годиа ќе се зголеми повторно. Ова го зборувам за домаќинствата. И сега наместо ние да дискутираме што ќе се направи, што е направено ние тука ќе разменуваме политички ставови. И добро и ќе се изгласа оваа кризна состојба и што ќе се случи  од оваа кризна состојба од тоа што било различно досега. Ништо нема да се случи. Повторно ќе добиваат овие тендери во четири очи“, порача Бојан Стојановски.

Инаку Комисијата започна со околу 2 часа задоцнување бидејќи пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа процедурални забелешки и скоро сите се пријавија за збор со едно исто барање, во дневниот ред да се внесе точка на која ќе се расправа за неслужењето воен рок на премиерот Димитар Ковачевски.