Професорите од 5-те Универзитети на протест, бараат еднаков третман за сите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Еднаков третман за сите“, „И ние сме јавен универзитет“… ова беа само дел од транспарентите што ги држеа професорите на 5-те универзитети, кои денеска излегоа на протест. Велат дека се дискриминирани бидејќи државата им ги зголемила платите за 22%, само на професорите од УКИМ. Професорите од УМТ во Скопје порачаа дека се против, како што ги нарекоа, двојните стандарди.

-Со одобрување на синдикатите на сите 5 државни универзитети кои се заобиколени и дискриминирани поради непотпишувањето на колективниот договор од Собранието на РСМ, денеска го одржуваме овој мирен протест. Синдикатите го поздравија спроведувањето на колективниот договор од страна на Владата со УКИМ но истовремено се и против двојните стандарди и нееднаквоста кон нивните универзитети кои го имаат истиот статус-рече Авни Авдиу, претседател на Синдикатот на УМТ.

-Ние сме револтирани со овој нееднаков третман но и од нашите колеги од другите јавни универзитети што Владата на РСМ и Собранието не најдоа начин за излез од овој јазол-вели Сунај Раими, професор на УМТ.

-Сите ја вршиме истата работа и нашите одговорности и обврски се исти, во тој контекст нема зошто еден државен универзитет да биде попривилегиран од другите-вели Мурат Алиу, професор на УМТ.

Протест имаше и на ТУ во Тетово, а таму беше пратеникот Арбр Адеми кој е истовремено и професор. Тој рече дека во текот на утрешниот ден ќе има посебна седница бидејќи денеска доставиле предлог закон во Собрание.

-Тоа е законска пречка врз основа на член 8а од изборниот законик. Претседателот на Собранието и да сака во оваа фаза нема да може да склучи колективен договор бидејќи се распишани изборите, туку сите одредби кои се однесуваат на платите, кои се ставени во колективниот договор кој УКИМ во декември од 2022 година се склучи со претседателот на Собранието, истото го вметнавме во предлог законот-рече Адеми.

Техничкиот премиер Талат Џафери рече дека колективниот договор е во надлежност на Собранието, но со нивно одобрение дел од обврските ќе преминат на Владата.

-Актуелната тема што се отвори е прашањето за колективните договори, за кои претходно, во функција на претседателот на парламентот, имав соодветни средби со сите ректори на универзитетите за да им укажам да видат кој што да прави во рамки на таа обврска, а за примарното прашање тоа е надлежност на парламентот, но со одобрување на колективните договори, дел од надлежностите и обврските за реализација на истите ќе преминат на Владата, поточно на надлежните министерства-вели Џафери.

Инаку, денеска на протест беа и професорите на универзитетите „Гоце Делчев“ – Штип, Свети Климент Охридски „Свети Апостол Павле“. Во спротивно, доколку не се реши проблемот, синдикатите предупредуваат на протести пред Собранието.