Променливо облачно, попладне повторно пороен дожд и грмежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а
максималната од 21 до 30 степени.

Во Скопје променливо облачно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне до 27 степени.