Променливо време во Македонија: Магла, дожд и снег во следните денови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По котлините во поголем дел од денот ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачноста делумно ќе се намали и ќе има кратки сончеви периоди. На планините преку целиот ден ќе биде сончево и потопло. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во поголем дел од денот ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачноста делумно ќе се намали. T=6°C. P=972hPa. U=75%. V=1m/s.

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремени локални врнежи ќе има и во недела, а пообилни врнежи се очекуваат во понеделник, кога и на некои од повисоките места ќе преминуваат во снег. Преодно стабилизирање се очекува во вторник, а од среда повторно ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег.