Промоција на инвестиција од 450 милиони евра за изградба на ветерен парк

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со инвестиција од приближно 450 милиони евра, „Alcazar Energy“ денес ќе ја промовира својата нова инвестиција во Скопје, со учество на коосновачот на фондот Даниел Калдерон, премиерот Христијан Мицкоски, и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Проектот, ветерен парк меѓу општините Карбинци, Штип и Радовиш, се очекува да донесе значителни економски користи, вклучувајќи и придонес од околу 100 милиони евра годишно кон бруто домашниот производ на државата.

„Овој проект не само што значително ќе го зголеми производството на електрична енергија во државата, туку и ќе ја направи Македонија енергетски балансирана земја“, рече Мицкоски. Проектот ќе произведува 20 проценти од вкупната потребна струја во земјата, без потреба од дополнителни загарантирани цени или посебни законски регулации.

„Alcazar Energy“, инфраструктурен фонд фокусиран на проекти со обновлива енергија, базиран во Луксембург и со советодавен тим во Дубаи, се води од коосновачот Даниел Калдерон. Овој фонд има искуство во реализација на слични проекти во развојни пазари во Европа и Турција, и претходно успешно се реализирала инвестицијата АЕП-1 во Северна Африка и Блискиот Исток.