Промовирана топката со која ќе се игра годинашното финале на ЛШ во Истанбул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

УЕФА денеска ја промовираше топката со која ќе се игра финалниот меч од Лигата на шампионите во Истанбул.

Веќе долго време финалето се игра со топки од производителот „Адидас“, и стандарно, како и секоја година, ќе има симболи од градот каде ќе биде финалниот меч.

„Ататурк Стадионот“ ќе биде домаќин на финалниот меч втор пат откако е изграден. Првиот пат беше домаќин во 2005 година кога Ливерпул на пенали го совлада Милан.