Пронајден мртов рускиот научник кој го развиваше нервниот агенс „Новичок“ и ја обвини Москва за труења

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Владимир Углев, рускиот научник кој помогнал во развојот на нервниот агенс „Новичок“, а подоцна ја обвини Москва дека го користи во атентати од државно ниво, е пронајден мртов на 80-годишна возраст.

Веста ја објави независниот руски медиум „The Insider“, кој информираше дека Углев починал на 26 октомври. Засега не е соопштена причината за смртта, ниту зошто информацијата е објавена со задоцнување.

Углев работел во советските лаборатории од 1975 до 1990 година, каде што придонел во развојот на некои од првите нервни агенси од семејството „Новичок“. Подоцна стана еден од најгласните критичари на употребата на оваа супстанца против противниците на Кремљ.

Во 2018 година, откако нервниот агенс беше употребен за труење на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија, Углев го оцени настанот како „атентат од државно ниво“, организиран од Москва.