Пронајдени и одземени мобилни телефони во КПУ Затвор-Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 07.02.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправна установа Затвор-Скопје е пријавено дека во просторија во установата пронајдени се и одземени мобилни телефони и други предмети.

За настанот е известен јавен обвинител, а од страна на полициски службеници предметите се подигнати за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.