Вчера во Германија во близината на железничката пруга југозападно од Франкфурт било пронајдено безживотното тело на министерот за финансии на покраината Хесен, Томас Шефер.
Тој, наводно, си го одзел животот поради пандемијата на коронавирус.
Според информациите објавени во германските медиуми, полицијата утврдила дека се работи за самоубиство за кое се верува дека е поради проблемите со кои се соочувала Владата во неговата покраина.
54-годишниот Шефер, беше член на демохристијанската партија (ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел.
