Преговорите за формирање австриска коалициска влада, предводена од крајно десничарската Партија на слободата (ФПО) пропаднаа, соопшти денеска партијата.
Лидерот на ФПО, Херберт Кикл, го информирал претседателот Александар Ван дер Белен дека коалициските преговори со конзервативната Народна партија (ОВП) пропаднале, пренесува Ројтерс.
Ова е втор неуспешен обид на партијата да формира влада откако на парламентарните избори во септември победи со речиси 29 отсто од гласовите, додека ОВП доби 26,3 отсто.
