Протест на ССМ, со порака „вратете ги парите“ – или укинете го покачувањето, или 78% и за работниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тргнаа од седиштето на ССМ.

Со себе земале и тапани за да бидат погласни.

Откако се наредија претставниците на сите синдикати, тргнаа кон Собрание.

Застанаа пред законодавниот дом бидејќи имаа неколку зборови до пратениците.

Потоа продолжија кон Влада каде застанаа за да ги изразат нивните незадоволства.  Најголем револт имаа за покачувањето на платите на службениците за 78% и за Законот за 60 часа работна неделна.

Пред Владата излегоа со транспарентите „Вратете ги парите – 78%“. Побараа функционерите да ги вратат платите со покачувањето кое ги добиваат веќе 1 месец.

И ССМ бара покачување на платите за 78% исто како функционерите. Повикаа владата да не лаже шетајќи се по маркетите дека има намалување на цените, бидејќи такво нешто не постои.

2 000 евра плата и минимална плата не е исто, велат од Сојузот на синдикати. Поради масовното заминување од државата велат дека нема да има кој да не лекува, школува и заштити.

Сојузот на синдикати уверува дека нема да се откажат од барањето за покачување на платите на сите работници за 78%, а најавија и секојдневни протести.