Денеска во 11:30 часот пред Министерството за здравство, градскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ најави протест под мотото „Здравје, а не провизии“.
Протестот е поради, како што најавија, неспосбноста на власта да ја менаџира здравствената криза.
„Власта е неспособна да обезбеди вакцини. 4 месеци откако во регионот и Европа е почната вакцинацијата, ние уште немаме вакцини. Секојдневно се разболуваат над 1000 луѓе од КОВИД 19, а бројот на починати одамна е двоцифрен секој ден. Додека Заев е вицкаст и ја замајува јавноста 3.500 животи се загубија.
Заев и Филипче на совест ги носат сите заразени и починати од јануари до денес, тоа се луѓе кои доколку имаше навремено вакцина немаше да се заразат или нема да ги изгубат своите животи.“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
