Протест против бетонизација на Маврово – жителите бараат спас, велат дека за четири години никнале 500 градби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Под мотото „Спас за Маврово“ жители и сопственици на бизниси во Маврово излегоа на протест преку кој побараа мораториум на градбите за неколку години. Велат дека Маврово се бетонизира и дека за четири години на оваа локација се изградени над 500 нови објекти кои го уништуваат Националниот парк, а и Мавровското езеро.

Организаторката на протестот вели дека ова е само еден чекор за да известат околу моменталната состојба. Најавуваат и други мерки доколку надлежните власти не преземат нешто.

Угостителите од овој крај велат дека со ова се уништува туризмот. Стравуваат дека ако не бидат преземени итни мерки, никој веќе нема да сака да дојде да се напие кафе или на ручек во загадена средина и езеро кое „плива“ во отпадни води.

Маврово е прогласено за Национален парк каде покрај природните убавини, располага и со ски-центар и вештачко езеро. Овој локалитет е едно од најпривлечните туристички места како во зима, така и во текот на летото.