Протест против дигитализацијата на учебниците – „МОН глуво на нашите барања“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Родителите од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ в сабота ќе организираат протест во неколку градови. Најавуваат дури и референдум за предлог-законот за дигитализација на учебниците.

Бојкот на настава нема да има, бидејќи се ближи крајот на учебната година, велат од оваа иницијатива.

Од МОН не се откажуваат од дигитални учебници..Додаваат дека овие реформи се земени од праксите во европските земји.

„Министерството за образование и наука одговори на писмото на групата родители, разјаснувајќи им го процесот на реформи во образованието и дека дигитализацијата ќе се одвива во разни фази. Дигиталните учебници ќе бидат една опција, а печатените ќе продолжат да бидат дел од наставниот процес“, велат од МОН. 

Во повеќето европски земји се користи комбиниран модел, односно учениците поседуваат компјутер или таблет, но истовремено учат и од книги. Земји во кои се практикува дигитализиран наставен материјал се Холандија, Швајцарија, Шведска, Естонија, Австрија.