Попладнево паркингот на Собранието „вриеше“ од службени возила како никогаш досега. Главната улица пред законодавниот дом беше блокирана. Но, кај Портата „Македонија“ се собраа граѓани кои изразија незадоволство од членството на земјата во НАТО.
Демонстрантите со став дека на Европа токму Македонија ѝ ја донела цивилизацијата.
Десетици демонстранти со знамиња дојдоа пред Собрание и во знак на протест изразија незадоволство од Ратификација на Протоколот на НАТО. Но, и покрај нивното негодување, сепак пратениците го изгласа Законот за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата.

