Следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и јужните делови. Поради продор на постуден воздух на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=15°C. P=979hPa. U=60%. V=4m/s.

Следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Утрата ќе бидат посвежи, а утре и во петок наместа се очекува утринската температура да се спушти под нула степени.