Протест за слобода за осудените од 27 април – не се организатори, но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ маршираа на протестот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред зградата на владата се собраа за да протестираат против затворските казни што им се изречени на учесниците во упадот во Собранието на 27 април пред 4 години. Носеа маици и транспаренти на кои бараат ослободување на затворените и оставка на Владата.

„За да ги поддржиме луѓето што се внатре. Бесправно тотално. Тие сега што се на власт тие треба да се внатре а не тие“, истакна учесник.                               

„Владата да падне, да се најде човек што ќе ја  води државата. Инаку, вака како што одеше и како што оди не одиме далеку“, посочи учесник.  

„Власта под итно да си замине тоа е од  мене пораката“, додаде учесник.

 Тврдат дека зад овие протести не стои ниту една политичка партија и дека сами се о рганизирале. Но, на протестот се најдоа и лидерот Христијан Мицкоски, како и дел од  пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои маршираа заедно на протестот, за што се пофалија на  социјалните мрежи.

„Протестот е одраз на целокупната состојба во општеството. Народот е не задоволен, народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои го бранеа  Уставот. Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Бидејќи имаме  судска пракса за повторно отворање на случаи, не гледам причина зошто и овој  случај да не се преотвори и луѓето од слобода да имаат втора шанса да се бранат и  да ја докажат својата невиност“, посочи Христијан Мицкоски.

 Таму беа и нивните коалициски партнери.

 „Пораката е што беше, беше, доста беше. Очигледно дека тие луѓе што се по з атворите тие беа во право а тие што ја водат денеска државата тие излажаа. Дали  требаше да влезат во Собрание – да. Дали беа во право – да. Дали требаше да  тепаат – не. Тоа го осудуваме и за тоа одлежаа затвор и мислам дека е сосема  доволно“, вели Стевчо Јакимовски.

 Од пред Владата марширајќи преку улиците низ центарот на градот, учесниците на п ротестот пееја патриотски песни, извикуваа Никогаш Северна само Македонија, Оставка- оставка и вееја знамиња на Вергина. Се собраа пред Собранието, по што оперскиот пејач  Игор Дурловски и пејачката Андријана Јаневска ја испеаја химната. Потоа беше  прочитана и Декларација со барање за ослободување на сите осудени, распуштање на  Собранието и предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

„Бараме безусловна слобода на уставобранителите од настаните во Собранието на  Македонија на 27 април 2017-тата. Загрижени сме за криминалот и корупцијата на  марионетската Влада на Зоран Заев, загрозените човекови права и нарушената  правда во Македонија“, додаде Арна Шијак.

Обвинетите за упадот во Собранието добија вкупно 188 години затворска казна. Сите беа осудени поради крвавиот нападот на пратениците но и новинари и загрозување на нивните животи.