Протести и во Сараево, се бара одговорност за смртта на 19 луѓе во поплавите од минатиот октомври

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку стотици студенти и граѓани се собраа денеска пред зградата на парламентот на Босна и Херцеговина (БиХ) во Сараево, барајќи кривична одговорност за незаконско работење на каменолом, чие уривање предизвика смрт на 19 лица во Доња Јабланица за време на поплавите во октомври минатата година.

На протестот кој го организираше неформалната група „Дали ја сакате таа промена“ присуствуваа и жители на Доња Јабланица.

Насобраните носеа транспаренти со натписи – „Од кога каменот вреди повеќе од човечки животи“, „Ни се гадите на сите три јазици“ и „Ти си најопасно свлечиште, треба да се поправиш“.

Студентите и граѓаните го изразија своето незадоволство од реакцијата на Владата по поплавите, кои се случија во октомври 2024 година и во кои загинаа вкупно 29 лица.