Протестот на КСС не се одржа – наводно имале притисоци, матичните служби од утре ќе штрајкуваат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево требаше да ги блокираат улиците пред Собранието и од таму да маршираат до Владата. Сепак, најавениот протест на Конфедерацијата на слободни синдикати не се одржа. Дојдоа само првите луѓе на синдикатите, но не и нивните членови.

Причината за ова како што велат, е се притисоци дека ќе го изгубат работното место. Тие бараат усогласување на платите со минималната плата.

„Како што гледате бројката е таа што е во Жена парк иамме јавувања и дојави дека се прават огромни притисоци врз нашето членство да не излегува на протетс која е причината сите ја знаеме. Доколку излезат на протест и бидат видени на камера се закануваат со губење на работно место“, истакна Благоја Ралповски.

КОга сме кај протестите околу 500-тини вработени во Управата за водење матични книги од утре во 8 часот почнуваат штрајк за повисоки плати во организација на Независниот синдикат за водење на матични книги.Нема да работат шалтерите за поднесување барања за издавање на изводи од матичната книга на родени, венчани, умрени.

„Ние како независен синдикат на управата за водење матични книги сметаме дека треба да има линеарно покачување на платите на сите вработени во управата за водење матични книги, од причина што трошоците за живот во континуитет растат, а платите на вработените долги години наназад воопшто не се покачени дури одрдени вработени земаат под минимална плата“, посочи Тони Милошевски.

Штрајкот е како последица на тригодишното немање слух на надлежните да им ги зголемат платите на вработените во матичните служби кои изнесуваат на некои од нив и по  14 500 денари или помалку од минималната плата.