Протестот на студентите Албанци добива нова димензија – Адеми: Од технички проблем до барање за албанскиот јазик во институциите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Студентите нема да молчат, туку ќе ги бараат своите права кои се загарантирани со уставот“. Ова го изјавија организаторите на студентскиот протест кој ќе се одржи на 18-ти мај. Според нив, тие се враќаат таму каде што и започнале.

„Пред вас и во живо, ја користиме можноста и официјално да го најавиме протестот на 18 мај. Во понеделник, од 16:30 часот, се собираме кај Камениот мост и потоа ќе марширање. Се враќаме токму од универзитетот каде што започна и првиот протест и каде што беше најавен првиот протест. Од овој универзитет го започнуваме и следниот протест и заедно со студентите од трите албански универзитети — Универзитетот „Мајка Тереза“, Универзитетот во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа — ќе покажеме дека студентите не молчат и дека ќе ги бараат нашите права, загарантирани со Устав и закон“, порача Бесар Сулејмани.

Според еден од иницијаторите на протестот, Мевлан Адеми, протестот првично се однесувал на технички проблем во процесот на студирање, но подоцна се проширил во барање за употребата на албанскиот јазик во сите институции на Македонија.

Тој упати повик за единство на граѓанското општество, професорите, студентите и политичките фактори, нагласувајќи дека албанскиот јазик треба да ги обединува граѓаните.

„Пораката првично беше насочена околу технички проблем кој се однесуваше на подобрување на процесот на студирање, но подоцна се открија многу други проблеми и сега ова се претвори во протест за користење на албанскиот јазик во сите институции на Република Северна Македонија. И јас мислам дека сите слоеви на граѓанското општество, професорите, учениците, политичките фактори и сите граѓани треба да бидат обединети. Нашиот јазик треба да нè обединува, а не да нè дели. На крајот на денот, сите го имаме истиот проблем“, вели Мевлан Адеми.

Со поддршка за студентите Албанци се јави и поранешниот албански премиер Пандели Мајко, за кого протестот се толкува како борба за иднината, а не само студентски бунт. Тој ја оценува оваа ситуација како чекор назад за правата на Албанците. И пратеничката во  собранието на Албанија, Јорида Табаку изрази солидарност, според која заштитата на мајчиниот јазик не е само политичко прашање, туку прашање на човечко достоинство. Реагираше и поранешниот министер за надворешни работи на Косово и актуелен пратеник Енвер Хоџај, според кого Албанците во Македонија се државотворен фактор и гласот на студентите треба да биде слушнат од институциите. Во поддршка на студентите се појавија и други личности од земјата и од странство.