Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека поднесени се кривични пријави против 21 лице за прекршување на полицискиот час во Сингелиќ.
„Ние досега имаме идентификувано и повикано на разговор уште 21 лице, а во процес на идентификација сме и на други лица кои учествуваа во настанот за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до ОЈО“, истакна Чулев.
