Во четврток и петок во седум општини од Југоисточниот Регион ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци, соопштија денеска од Центар за развој на Југоисточниот Плански Регион.
Во четврток прскањето ќе се реализира во Радовиш од 09:00 часот, во Конче од 12:00 часот и во Струмица, исто така, со почеток од 12:00 часот.
Во петок активностите ќе продолжат во Валандово од 09:00 часот, во Василево од 12:00 часот, во Босилово од 09:00 часот и во Ново Село со почеток од 12:00 часот.
Од Центарот за развој на Југоисточниот Плански Регион апелираа до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, додека на граѓаните им се препорачува да избегнуваат движење во зоните каде што ќе се врши третманот за време на прскањето.
Се додава дека доколку временските услови не дозволат реализација на активностите, прскањето ќе биде спроведено во друг соодветен термин.
