Прв ден од штрајкот на матичарите, нема издавање изводи, умреници и закажување на венчавки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Овој простор обично е исполнет со граѓани, но денеска е празно заради штрајкот на околу 500-тини вработени во матичните служби ширум земјава. Штрајкот започна утрово во 8 часот и ќе трае се до исполнување на нивните барања, а тоа е повисоки плати. Што подрзабира штрајкот? Вработените се на работните места, меѓутоа не примаат странки. Или поконкретно околу 500 барања за изводи дневно нема да бидат реализирани и околу 30-тина термини за венчавки.

Вработените во матичните служби прават исклучок само за ургентни случаи, кога се потребни документи за операции, болни деца.


-Не прифаќаат, а детето нема книшка треба да го однесеме на лекар. Не знаевте дека има штрајк? Знаевме ама си рековме можеби ќе ни завршат работа. Можеби ќе пррекинат со штрајкот, ама еве уште штрајкуваат, вели граѓанин.


-Ќе дојдеме кога ќе почнат, а не сме од тука, од Велес сме. Имате ургентен случај. Не ама детево треба вакцини да прима, да се однесе на лекар за контрола, нема книшка, без извод не можеме ништо да извадиме, вели граѓанин.


-Веќе две недели сум овде и само имаат празници или штрајкуваат. Треба да извадам извод. Треба да вадам нов пасош, вели граѓанин.

-Кога треба да заминете? Некаде на 22 мај ми завршува пасошот, на 20 мај ми дадоа термин поради штрајкот, па ќе видиме што ќе направам, вели граѓанин.

Подпретседателот на Синдикатот на матичните служби е категоричен дека штрајкот ќе трае до исполнување на нивните барања, а тоа е усогласување на платите со минималната и Колективниот договор. Јовановски вели дека се уште има лица кои за минатиот месец земале плата од 14 800 денари што е под законски минималната плата.


„Се додека не најдат решение, Министерството за финанасии не не повика, да седнеме на маса да се договориме и да најдеме заедничко решение.
-Никој не не контактирал, ни Владата, ни Министерството за финанасии, никој“, вели Јовановски.

Јовановски додава дека оние кои ги закажале венчавките до 27 април да бидат спокојни, ќе се одржат.