Прв пат летово во Босна и Херцеговина: Во Мостар измерени 40 степени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Мостар денеска во 17:25 часот се измерени жешки 40 степени Целзиусови, првпат ова лето во Босна и Херцеговина, што го покажува и апликацијата Google со црвено предупредување за екстремни горештини што го најавуваат метеоролозите.

Поради екстремните горештини најголемиот град во Херцеговина денеска е целосно пуст, објави порталот Klix.ba.

Со оглед на тоа што е викенд, голем број граѓани бараа освежување во брановите на Јадранското море, но многумина спасот од горештините го побараа и на некој од локалните базени.

Иако термометарот покажува температура од 40 степени, апликацијата на Google предупредува дека се чувствува како всушност да е 43 степени.

Температурата на воздухот што метеоролозите ја вклучуваат во временските извештаи се однесува на мерење на температурата на воздухот во сенка на висина од два метри над земјата.

Сојузниот хидрометеоролошки завод издаде црвено предупредување, а итната медицинска помош во Мостар со денови работат со полна пареа поради наглиот топлотен бран.