Прв случај на коронавирус во Ресен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски на својот Фејсбук профил посочува дека во Ресен денеска е регистриран првиот случај на коронавирус.

Тој додава дека на терен се присутни тимови од Центарот за јавно здравје кои спроведуваат епидемиолошко истражување за сите кои биле во контакт со позитивното лице.

„Повикав итна седница на кризен штаб, за која дополнително ќе бидете известени за сите мерки и активности. Место за паника нема. Препораките остануваат исти, мерките остануваат исти. Одржување на дистанца, носење заштитни маски, редовна хигиена, само на ваков начин ќе го победиме овој невидлив непријател“, истакнува Гошаревски.