Прв случај на Ковид-19 во Перу

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прв случај на лице инфицирано со новиот коронавирус е регистриран во Перу, потврди претседателот Мартин Вискара.

Пациентот е 25-годишен маж кој престојувал во Шпанија, Франција и Чешка.

– Новооткриениот случај претставува понатамошно ширење на епидемијата во Јужна Америка, посочи Вискара.

Аргентина и Чиле во текот на неделата ги потврдија првите случаи на заразени лица со новиот коронавирус, додека во Бразил регистрирани се повеќе пациенти.