Прва операција на езофат во тетовската болница, еден од најтешките зафати во торакалната хирургија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Клиниката болница во Тетово за прв пат е направен хируршки зафат на Торакална хирургија. Лекарот Висар Џафери кој беше дел од тимот кој ја изврши операцијата вели дека ваквиот зафат се смета за еден од најтешките во торакалната хирургија и пациентот сега за сега се учествува добро.

-Операцијата на езофаг е една од најтешките во торакалната хирургија бидејќи опфаќа два кавитета и во повеќето случаи станува збор за дел од градниот кош но и абдоминалниот дел. Целата операција е изведена без големи чекори на неколку дела во тораксот и абдоменот, каде постоперативниот дел беше полесен иако не беа толку лесни кога беа пренесени на интензивна. Со освети од нашиот професор се помина добро и тој јавно му се заблагодари на нашиот тим-вели Џафери.

Торакалната хирургија е нов оддел во Тетовската клиника и засега има четворица лекари.

„Нашиот тим има четворица торакални лекари и ќе има доволно медицински сестри на нашиот оддел, а нашата цел за поделба и отворање на овој оддел е независност и едукација на нашиот технички персонал, медицински сестри, инструменти, утре да имаме и наша анестезија, за утре и професорите кои доаѓаат од странство за разни патологии да се фокусираат на нашата хирургија“, рече Џафери.

Но, што е торакална хирургија? Специјалистот Висар Џафери ги наведува интервенциите што може да ги направи ова одделение.

-Патологии поврзани со дојката, центарот на тироидната жлезда, белите дробови, хранопроводникот, душникот, респираторниот тракт, горниот дел, цревниот тракт, деформитети на градниот кош кои се почести кај децата-изјави Џафери.

На ова одделение досега се направени повеќе од 200 интервенции на торакална хирургија, каде најголем дел од интервенциите биле тешки. Специјалисти за торакална хирургија соработувале со најпознатите лекари од оваа област од Турција и Европа.