Прва операција со асистенција од робот, се минимализира можноста за компликации при интервенциите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За прв пат во земјава, лекарите на Клиниката за ортопедија извршија операција со помош на робот. Зафатот е извршен на артроза на колено со дегенеративни промени кај жена на 70 годишна возраст. Со таква патологија во земјава се оперираат околу 200 до 300 пациенти годишно.
Директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивна нега и ургентен центар, Александар Трајановски рече дека испишуваат историја бидејќи ова не е мало нешто да се оперира со помош на робот.

„Роботот е донесен од Грција а и зафатот е извршен во соработка со лекари од Ортопедската клиника во Лариса, Грција.“, рече Трајановски.

-нуди можност на вашите пациенти да им ги дадете најдобрите здравствени услуги што ги заслужуваат. На глобално ниво, роботиката е сегашноста и иднината и ќе видите дека денес е многу голем чекор за здравствениот систем, велат од Ортопедската клиника во Лариса.

Министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека помошта на роботот во голем процент придонесува за успешноста на самата процедура и ги намалува можните компликации. Но, дали нашата земја ќе може да купи ваков робот? Меџити ја поддржува ваквата идеја, но изјави дека ќе се направат соодветни анализи и врз основа на анализите ќе се донесе одлука.

-Апсолутно ќе бидеме поддршка за се и за сите новости. Дури и како невролог, она што го кажа мојот колега ни е заедничко. Со оваа роботика можноста за инфекција дури и внатре во болницата и по операцијата многу се намалува-рече Меџити.

Овој тип на интервенција со помош на роботот е изведен за прв пат на Ортопедија, а роботот исто така го намалува времето на операција на 40 минути.