Во Грузија денеска е регистрирана првата жртва на коронавирусот. Станува збор за 79-годишна жена.
Починатата пациентка боледувала и од уште неколку други болести, и била во лоша здравствена состојба.
Во Грузија, земја со 3,5 милиони жители, досега се регистрирани 157 случаи на коронавирус.
