Првата руска вселесна филмска екипа подготвена за полетување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Руска екипа сочинета од два космонаути и двајца филмски уметници, би требало на почетокот од следниот месец да полетаат на Меѓународната вселенска станица за да го снимаат првиот игран филм во вселената.

Русите го пратија првиот сателит во вселената, па потоа куче, па човек, прва жена, и сега први ќе снимаат филм во вселената.

Комисијата од медицински и безбедносни стручњаци одобрила план актерите и режисерите да тргнат кон вселената.

Филмот под името „Предизвик“ говори за лекар кој по итна постапка е испратен на Меѓународната вселенска станица за да спаси живот на еден космонаут.