Први фотографии од Марс: НАСА бара знаци на живот на планетата по слетувањето на роверот (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Роверот слета на кратер на НАСА наречен Езеро, локација за која се смета дека пред 3,5 милијарди години имало езеро кое било со ширина од 50 километри.

После седумесечно патување во вселената и милијарди вложени долари, вечерва на Марс слета роверот на Американската вселенска агенција (НАСА) со задача да утврди дали во минатото постоел живот и надвор од Земјата.

НАСА соопшти дека роверот наречен „Упорност“, го обавил и последниот, најризичен дел од патот, и вечерва успешно слета на црвената планета на која ќе собира примероци и ќе ги донесе на Земјата за 10 години, кога ќе бидат анализирани во потрага по древни облици на живот на Марс.

Слетувањето на роверот беше најризичниот дел на операцијата со оглед дека влегол во атмосферата со брзина од дури 19.500 километри на час, која требаше да ја намали падобран и ракетна платформа.

Овој кратер е наречен по едно место во БИХ, чии жители во дворот на едно училиште го следеа слетувањето.