САД денеска избира претседател.
Дали ќе биде актуелниот, Доналд Трамп или пак новиот, Џо Бајден, ќе дознаеме во текот на вечерта.
Според анкетите, Бајден води во шест од овие одлучувачки држави – Флорида, Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Северна Каролина и Аризона.
Американците ги доживуваат изборите поделени и незадоволни, какви не биле од Виетнамската војна во 1970-тите. Скоро 100 милиони веќе гласаа, а експертите предвидуваат дека од одзивот на гласачите ќе биде поголем отколку во 2016 година, кога гласаа 138 милиони луѓе.
И Бајден и Трамп се уверени во истото, односно својата победа.
„Чувствувам дека не очекува голема победа“, најави Бајден, додека пак Трамп истакна „Ќе оствариме уште една убава победа“.
Што знаеме до сега:
- Во Пенсилванија на некои места се чека до 4 часа за да се гласа
Според Си-Ен-Ен, на некои места во Пенсилванија луѓето чекаат до четири часа за да гласаат.
- Бајден одговараше на прашањата на новинарите
Бајден уште еднаш, пред најавеното обраќање одговараше на прашањата на новинарите. Истакна дека не сака ништо однапред да предвидува.
- Гласањето беше продолжено на две места во Атланта
Судијата нареди да се продолжи гласање на две места во Атланта, јавува Bloomberg. Се работи за едно од расно различните окрузи во Атланта.
