Стотици патишта затворени, а јавниот превоз во прекин. Вака беше денеска во Истанбул, продолжувајќи со протестите од март годинава за уапсениот градоначалник. Ова се најголеми протести кои земјата ги видела во последната деценија.
По 136-ти пат, со марш и кренати тупаници се маршираше во главниот град на Непал, Катманду.

„Тука сме, го славиме Први мај како ден што ги воспостави нашите права и ги обедини сите работници“, вели Бинод Шреста.
На Филипини дојде до масовни судири со полицијата. Присутните се обидуваа да ги отстранат барикадите.
А на друга страна демонстрантите пееја и танцуваа со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Трговските војни и политиките на Трамп се потсетник дека треба сéопфатно да ја развиваме нашата економија“, вели Монг Палатино.
Со јапонски борбен извик илјадници во Токио маршираа со звуците на традицоналните тапани.
А јужнокорејските работници побараа поголеми работнички права.

„На Денот на трудот во 2025 година, ја продолжуваме нашата борба барајќи права на работниците да се синдикализираат и да бидат заштитени од законот за труд“, вели Јанг Кјунг-Су.
Во Џакарта, Индонезија на забавата на централниот плоштад каде имаше над 200 илјади граѓани им се приклучи и претседателот. Под силно полициски присуство и војници работниците побараа зголемување на минималната плата и борба со корупцијата,

„За аутсорсинг работниците, обично добиваат договор на 6 месеци, најмногу една година – а и тоа е многу ретко. Потоа се фрлаат и се забораваат. Ова е многу болно“, вели Реза Рискијанто.
Аргентинците изразија незадоволство од политиките на претседателот.

„Државниот работник започнува со плата од 300 долари. Тоа е под прагот на сиромаштија. Денес 70% од работниците заработуваат помалку од пазарната кошничка, покрај 30.000 отпуштања што се случија, 12.000 работници сакаат да заминат барајќи други можности“, вели Флавио Вергара.
Маршот го посветија и на папата Франциск.
