Први протести во Мјанмар по воениот удар

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поголем број млади луѓе пред Медицинскиот факултет во Нејпјидо денеска протестираат против армијата, која со воен удар ја презеде власта во Мјанмар.

Тоа е прв протест по воениот удар и апсењето на голем број владини претставници, меѓу кои и лидерката Аунг Сан Су Чи и невладини активисти.

Демонстрантите бараат повторно воспоставување на демократска Влада.

Најмалку тројца демонстранти се приведени.

На социјалните мрежи се повикува на граѓанска непослушност.