Прво годишно обраќање на Сиљановска: ЕУ останува наш врвен приоритет, време е за храбар исчекор од унијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Членството во Европската унија беше и останува врвен приоритет за нашата земја, а Брисел е македонската стратешка дестинација, порача претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова во своето прво обраќање пред пратениците по нејзиниот избор пред 7 месеци. Таа рече дека нашата политика е целосно усогласена со онаа на ЕУ, но дека државните интереси се градат овде во земјава.

-Членството во ЕУ беше и останува врвен македонски и мој државен интерес и приоритет. Брисел е македонската стратешка дестинација. Нашата надворешна политика е целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, а и другите можат а бидат тоа. Сметам дека евроинтеграцијата е процес на учење не само за кандидатите како нас, туку и за ЕУ односно членките, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Таа се осврна и на проблемот со Бугарија и барањето за уставни реформи во кој истакна дека во Договорот за пријателство нема ниту збор за измени на Уставот.

Како може ЕУ да дозволи нејзина членка да нема ниту еден збор во Уставот за гаранција на правата на малцинствата иако се тие гарантирани во членот 2 на Лисабонскиот договор заедно со човековите права а истата да бара од нас да го смениме Уставот иако нашиот Устав во членот 48 и амандманот 8 гарантира широка заштита на правата на сите заедници вклучувајќи ги и Бугарите, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Силјановска се осврна и на владеењето на правото,ја поддржа борбата против корупцијата и криминалот а дека се потребни и длабоки реформи во правосудството

Ја поздравувам борбата против корупцијата и организираниот криминал. Таа е најважна. Во оваа борба не сме сами, ја имаме довербата од македонските граѓани и поддршката од стратешките партнери вклучително и со дополнувањето на црната листа. Црно ни се пишува ако не ја видиме со широко отворени очи црнината и не ја обелиме со санкционирање, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Во своето обраќање таа упати пораки и до опозицијата дека мора да бидат силен политички сегмент и да ја чуваат демократијата. Се осврна и на проблемот со загадувањето за што рече дека најголем загадувач е енергетскиот сектор. Во однос на помилувањата истакна дека е потребен нов закон за помилување и преиспитување на казнената политика.