Министерството за одбрана на Јужна Кореја, се огласи со соопштение по повод хаосот на улиците во Сеул, по воведување на воената состојба од страна на претседателот.
Веднаш откако беше прогласена воена состојба, граѓаните и опозицијата се собраа пред парламентот на протест, а дел од нив и влезе во зградата на Собранието.
Потоа на седница беше укината воената состојба, но војската соопшти дека ќе ја задржи командата.
„Ќе ја задржиме командата на воена состојба, се додека претседателот не ја укине“, се наведува во кратката изјава за медиумите.
Додека воената состојба е на сила, медиумите во таа земја се под контрола на воената команда.
